Олимпијакос по инцидентот во Купот на Грција, се закани дека ќе го напушти домашниот шампионат, доколку судии од странство не го судат мечот со вечниот ривал ПАО.

Имаше интересна реакција од страна на Панатинаикос, кои во саркастична најава, напишаа дека тие ќе го играат мечот со Олимпијакос само доколку има судии од Кина.

„Ние можеме да кажеме дека ќе играме само ако судиите бидат Кинези. Ако Олимпијакос не сака да го игра дербито, ние нема да плакаме“, рече претседателот на „детелинките“ Манос Пападопулос.

Но не се чекаше долго на нов твит од „црвено-белите“ од Пиреа, кои грчките арбитри ги претворија и ги облекоа во Кинези, со цел да им одговорат на челниците на нивните вечни ривали.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде