Грипот ја зема и четвртата жртва. На Клиниката за детски болести во Скопје почина 12-годишното девојче. На клиниката била примена пред четири дена, потврди епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Владимир Микиќ.

Тој објасни дека девојчето било болно од церебрална парализа и мускулна дистрофија. Ова е втор смртен случај од грип за една недела. Претходно 86-годишен скопјанец починал од компликации на Клиниката за инфективни болести минатата недела. Кај него не биле евидентирани други заболувања. Инаку, само минатата недела се регистрирани 3.200 случаи на грип и слични болести, бројка која е за 9% повисока во споредба со претходната недела. Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска прогласи епидемија на морбили.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде