Антоан Гризман доживеа многу незаборавни моменти во 2018 година која дефинитивно е најдобра во неговата играчка кариера, но без разлика на тоа што ги освои титулите во Лига Европа и на Светското првенство, францускиот напаѓач уште една година мораше да гледа како некој друг ја освојува „Златната топка“.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид не го криеше разочарувањето за ваквиот расплет и самиот истакна дека веќе не знае што треба да направи за да го добие најпрестижното индивидуално признание, а откако ја остави оваа тема на страна, Французинот во интервјуто за специјализираниот портал „Oh my Goal“ направи еден интересен избор за најтешкиот ривал и дефанзивец со кои се соочил на теренот.

– За најдобар противник ќе го изберам Френки Де Јонг од Ајакс. Се обидова да му извршам пресинг на секаков начин, но никогаш не успеав во тоа. За најдобар дефанзивец ќе го изберам Пепе. Тој секогаш ви дише во врат, секогаш е блиску до тебе и претешко е да го минете на теренот, – порачува Гризман.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде