Премиерот Зоран Заев вечерва објави видео во кое американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздравува министерот за надворешни работи, Никола Димитров и му посакува добредојде во НАТО.

Во вториот дел од видеото Јенс Столтенберг се обраќа пред американскиот Сенат и зборува дека годинава Северна Македонија го потпишала протоколот за членство во НАТО, на што доби аплауз од Сенатот. Потоа Столтенберг вели дека со помош на Сенатот Македонија ќе стане 30тата членка на НАТО.

Наскоро стануваме 30-та членка на НАТО!

Голема благодарност до Државниот секретар на САД, Помпео и Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг за поддршката за Република Северна Македонија и за убавите зборови пренесени на состанокот на министрите за надворешни работи на одбележувањето 70 години од формирањето на НАТО.Посебно радува информацијата дека документите за пристапување на Северна Македонија во НАТО се испратени до Американскиот Сенат.#WeAreNATO#НиеСмеНАТО

Gepostet von Zoran Zaev am Freitag, 5. April 2019

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде