Верно куче во Грција ги растопи срцата на милиони луѓе откако се слушна приказната дека последните 18 месеци ги поминува на местото на кое неговиот сопственик го загубил животот во сообраќајна несреќа.

Белото куче кое веќе го доби прекарот „грчки Хачико“ (според познатиот филм), наводно живеелео крај патот во близина на грчкото гратче Нафпактос во последната една и пол година, односно веднаш по сообраќајката во која загинал неговиот сопственик. И покрај напорите на некои луѓе да го вдомат, тој секогаш им бегал и се враќал на местото на кое неговиот газда Харис загинал.

Не е познато дали кучето било во автомобилот кога се случила несреќата. Откако виделе дека секој ден стои и чека на истото место, добри луѓе за него изградиле импровизиран дом и секојдневно му донесуваат храна и вода. Кучето одбивало да се потргне од местото дури и во најжешки денови.

Верното куче стана познато во Грција минатата седмица, откако локалниот сајт „Нафпактиа њуз“ ја објави прикзната.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде