Во сите предмети ќе ме осудат со максимална затворска казна, иако во ниту еден предмет нема ниту кривично дело, а како резултат на тоа ниту елементарен законски доказ, пишува на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски, кој пред повеќе од три месеци побегна во Унгарија.

„Ова не го претпоставувам, туку имам информација од извори од внатре. Дури и сите други обвинети во некој предмет да ги ослободат, мене ќе ме осудат со максимална казна затвор. Така е договорено. Барем засега“, пишува Груевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде