Шпанските медиуми откриваат дека во текот на овој месец, компјутерите на шпанското министерство за одбрана биле мета на хакерски напад.

Компјутерски вирус овој месец го заразил интернетот на шпанското министерство за одбрана со цел да бидат украдени високотехнолошки воени тајни, открива мадридски „Паис“, повикувајќи се на извори кои водат истрага под сомнение дека странска воена сила стои зад нападите.

Портпаролот на шпанското министерство за одбрана изјавил дека од министерството нема да ги коментираат овие гласини, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

„Паис“ денес објави дека вирусот очигледно упаднал преку електронска пошта и за прв пат бил забележан на почетокот на овој месец. Сепак, истиот би можел и со месеци да останел во интранетот кој го користат над 50 илјади корисници.

Иако не се наоѓале доверливи информации на мрежата, од шпанскиот весник пренесуваат дека нивните извори од министерството за одбрана биле загрижени од неговото евентуално ширење на другите мрежи со цел да добие пристап до информации поврзани со тајна воена технологоија.

Истрагата допрва ќе треба да утврди кој е одговорен за сајбер нападот, но истите извори откриле дека тоа било премногу технички сложено за „стандардните хакери“ и сигурни се дека „некоја држава стои зад хакерскиот напад“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде