На отворањето на сезоната во Ф1 шампионатот, актуелниот светски првак Луис Хамилтон и тимот на Мерцедес најавија нова доминација. На патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн утрово на официјалните квалификации за премиерната трка од новата сезона, Хамилтон оствари најдобро време и ја доби првата пол-позиција за 2019-тата.

За да биде доминацијата на Мердецес уште поголема се погрижи неговиот тимски колега Валтери Ботас кој извозе второ најдобро време и утре ќе почне од второто место во првиот стартен ред. Себастијан Фетел кој очекуваше дека со Ферари уштево првата трка ќе покажат дека имаат сили да се борат со Мерцедес, сепак, утре ќе мора да почне само од третото стартно место.

Формула 1. ГН на Австралија

1. Луис Хамилтон (“Мерцедес”) – 1.20.486
2. Валтери Ботас (“Мерцедес”) – +0.112
3. Себастијан Фетел (“Ферари”) – +0.704
4. Макс Верстапен (“Ред Бул”) – + 0,834
5. Чарлс Леклер (“Ферари”) – +0,956
6. Ромен Грожан (“Хас”) – +1,340
7. Кевин Магнусен (“Хас”) – +1,613
8. Ландо Норис (“Макларен”) – +1.818
9. Кими Раиконен (“Алфа Ромео”) – +1.828
10. Серхио Перез (“Расинг Поинт”) – +2.295

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде