Луис Хамилтон заврши прв низ целта за ГН која се возеше низ улиците на Монте Карло. Меѓутоа Британецот е под истрага поради инцидентот во претпоследниот круг кога го удри Макс Верстапен, во моментите кога го престигнуваше и се обидуваше да го помине. Веднаш ФИА реагираше и најави истрага за двајцата.

Претходно Макс Верстапен претходно беше казнет со пет секунди, и така покрај тоа што заврши втор, тој на крајот се пласираше како четврти. Така втората позиција беше за Себастијан Фетел, додека трет заврши Ботас од Мерцедес. Петти беше Гасли кој што имаше најбрз круг денеска.

„Доцна го видов, тој беше до моето заедно лево тркало, малку до допрев, ништо страшно“, изјави Хамилтон по трката за дуелот со Верстапен.

Инаку низ трката еднаш излезе и возилото за безбедност, и имаше судар во пит-стопот, ситуации кои брзо се решија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде