Бугарски,холандски и полски фанови се тепаа во главниот град на Словачка, Братислава. Според информациите од нашиот источен сосед фанови на Ајакс и Краковија (околу 100) со здружени сили нападнале околу 50-тина навивачи на Левски во центарот на Братислава. Летаа столчиња од локалните кафулиња, потоа камења, шишиња, запалени факели на двете страни. Многумина учесници во немирите се уапсени.

Левски утре гостува на Ружомберок на околу 260 километри од Братислава, а во престолнината на Словачка се навивачите на полска Краковија која утре ќе игра против локалниот тим Дунајска стреда.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде