Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тројца министри во Владата поднеле оставки, вклучувајќи ја и Натали Лоазо, министерка за европски прашања.

Претседателот изјави оставки поднеле портпаролот на Владата Бенжамен Гриво и министерот за дигитални работи Мунир Махжуби. Лоазо, која и се приклучи на француската Влада во јуни 2017 планира да биде на чело на кампањата на партијата на Макрон за изборите во Европскиот парламент. Гриво и Махжуби навеле дека сакаат да се кандидираат на изборите за градоначалник на Париз идната година.

Реконструкцијата на владата се очекува во наредните денови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде