Екипата на Челси се издигна над проблемите и го победи Тотенхем со 2:0 во дербито на 28. коло.

Резултатот го отвори Педро во 57. минута, додека вториот гол за „Сините“ беше дело на играчот на Тотенхем, Трипиер кој си го совлада Лори.

Ова е втор пораз на Тотенхем по ред и со тоа дефинитивно испадна од трката за титулата и си го доведе до прашање местото кое води во Лигата на шампионите. „Петлите“ сега бегаат само четири бода на Арсенал и пет бода на Манчестер Јунајтед, а веќе во следното коло ќе се соочат со тимот на Арсенал.Аренал испука петарда во мрежата на Борнмут и по победата од 5:1 остана на четвртата позиција на табелата, додека Манчестер Јунајтед славеше со 3:1 на гостувањето на „Селхрст Парк“ кај Кристал Палас.
Манчестер Сити славеше минимална победа против Вест Хем, додека Ливерпул беше убедлив против Вотфорд кој беше победен со огромни 5:0.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде