Каролина Харикенс играше против Вашинтон Капиталс во хокеарското првенство, па успеа да слави со убедливи 5-0, но во центар на внимание беше една тепачка меѓу хокеарите.

И сигурно дел од навивачите кои следат хокеј, постојано се прашуваат дали некогаш хокејот прераснува во бокс, а токму на таква сцена можеа да сведочат на споменатиот дуел.

Хокеарот на Капиталс, Алекс Овечкин влезе во конфликт со противникот од Каролина, Андреј Швечников, по што тие почнаа да си удираат боксови.

Секако, повеќе издржа повозрасниот хокеар, односно тој на Капиталс, кој го нокаутираше 19-годишниот Швечников, кој остана да лежи на мразот неколку секунди, по што мораше да добие и медицинска помош.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде