Од денес и официјално започна снимањето на македонскиот долгометражен филм “Homō(македонски [хомо] = човек). Филмот е во режија на Игор Иванов, продукцијата е на Скопје Филм Студио, а сценариото го напишаа Игор Иванов и Сашо Кокаланов. Актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери, а ја предводат: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Мајлинда Косумовиќ, Јелена Јованова, Сашко Коцев, Сергеј Димовски, Јоана Буковска, Себастијан Кавца, Александар Матовски, Јордан Симонов, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.“‘Homō’е филм кој се случува овде и сега и е приказ на нашето општество во кое се доведени во прашање примарните човечки вредности. Станува збор за “корална“ структура сочинета од 6 индивидуални приказни за 6 карактери од Скопје чии животни судбини се менуваат засекогаш.“- изјави режисерот Игор Иванов.

Долгометражниот филм “Homō“е приказ на апсурдот на судбината, претставен низ уникатните животни приказни на 6 главни ликови. Во ова филмско дело, режисерот го соочува обичниот човек со загрижувачките состојби на нехуманост, алчност и суровост – состојби кои тивко, но полека го уништуваат општеството. Секој лик во истоимениот филм живее посебна и одделна приказна. Виктор (актер: Сергеј Димовски)- недораснат триесетгодишник, кој не сака ништо да работи. Петра (актер: Јоана Буковска – Давидова) има навидум сè што може да се посака во животот. За Сократес (актер: Оливер Митковски)смеата е базична човечка карактеристика.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде