Две деца загинаа, а 20 се повредени кога силен воздушен вител, познат како „воздушна пијавица“, во кинеската провинција Хенан кренал во воздух гумен дворец од детски забавен парк во кој имало  повеќе дечиња, пренесува Би-Би-Си.

Еден од присутните родители за британската агенција изјавил дека дворецот, надуван со воздух, бил кренат во височина од околу 20 метри, кога од него почнале да паѓаат децата.

Потресните материјали се објавени  на речиси сите социјални мрежи, а сопственикот на гумениот дворец е приведен во полиција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде