Секој хороскопски знак има одредена мана, но еден знак особено се истакнува од другите, и тоа по својата нескрупулозност. Овој знак е подготвен дури и на скандали, од ништо нема срам и е многу упорен да го направи тоа што го зацртал.

Станува збор за Стрелецот, знак кој е карактеристичен по променливото расположение. Стрелците знаат да се повлечат во себе, но исто така умеат да бидат нестрпливи и наметливи, а соговорникот да го „удават“ со приказни за нивните авантури од патувањата.

Ако Стрелецот зацрта некого во визија за идната врска, во повеќето случаи тоа и го остварува. Толку се упорни и напорни што не се стегаат од ништо. Немаат срам, не се плашат да трчаат по објектот на својата желба, а ако е потребен и некој мал скандал, тоа не е проблем. Лесно ќе го предизвикаат.

Проблемот е во тоа што Стрелецот некако цел живот останува незрел и не умее да учи од сопствените грешки. Во состојба е многу често да го повреди својот партнер, а потоа да се прави како ништо да не се случило.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде