Откако Ќиро Блажевиќ објави дека има снимено предизборенспорт во знак на подршка на Самостојна демократска странка на Србите во Хрватска и на Милорад Пуповац, на социјалните мрежи се појави некролог со ликот и името на поранешниот фудбалски тренер.На некрологот пишува:На сите пријатели, роднини и познаници им јавуваме дека на 15.05.2019 година засекогаш не` напушти нашиот тренер на сите времиња.Во лажниот некролог дури стои  дека погребот на Ќиро ќе биде на 18-ти мај во 16 часот на загребските гробишта “Мирогој“.Во некрологот како ожалостени се наведени :Мирослав Пупувац, Андреј Пленковиќ ( Анемичен), Гордан Јандроковиќ (Њоњо), итн.

Му  благодарам на тој што тоа го напиша.Јас сум жив, тој направил некролог и јас го читам.Многу луѓе ја немаат таа привилегија.Напишете дека сум му благодарен, коментираше Ќиро во негов стил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде