За последните десет години во Хрватска има половина милион работници помалку, а има помалку работници и во регионот, така што хрватскиот градежен сектор сé повеќе ги бара работниците во Пакистан и Индија, додека туризмот рачуна на Филипинците.

Хрватската работна сила е намалена за половина милион луѓе во последните десет години, од кои 250.000 по природен пат, што значи дека се помалку млади луѓе се работоспособни, а се повеќе стари излегуваат од групата на работоспособни, додека останатите 250.000 се иселиле.
Иако хрватската влада ги зголеми квотите за увоз на странски работници оваа година на 65.100 дозволи, што е драматично зголемување од 400 дозволи издадени пред пет години, па се поставува прашањето каде да се најде работна сила?
Босна и Херцеговина е испразнета, Србија се празни молскавично брзо, пишува “Нов лист”, така што работниците одат подалеку и понатаму.
Секторот на градежништвото сé повеќе ги бара работниците во Пакистан и Индија, додека туризмот се потпира на увозот на работници од Филипините.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде