Хрватскиот ракометар, Јосип Маршан паднал на допинг тест поради кокаин, преневуаат медиумите во Хрватска.

На членот на Умаг, споменатата недозволена супстанца му била пронајдена по тестирањата на 2. март и од 20-ти, овој месец се наоѓа под суспензија.

Од Хрватскиот завод за јавно здравје потврдија дека Маршан бил позитивен на кокаин, а исто така наведоа дека самиот ракоматар не побара да се земе Б примерок.

Маршан своевремено важеше за еден од најперспективните хрватски ракометари и требаше да потпише за Загреб. Меѓутоа после еден пријателски дуел и 15 дена минати на проба, се врати во матичниот клуб.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде