Езеро во парк во Мелбурн природно доби розова боја и привлекува илјадници посетители кои сакаат да позираат покрај него.Вештачкото езеро во Вестгејт Парк почна да ја добива впечатливата розова боја пред неколку недели, благодарение на алгите во него што го создаваат пигментот бета каротен.

Посетителите се одушевени од глетката, а некои доаѓаат и облечени во склад со розовата глетка.

Градските власти сепак ги предупредуваат посетителите да не се доближуваат премногу бидејќи високото ниво на сол во водата може да ја иритира чувствителната кожа.

На социјалните мрежи посетителите пишуваат дека езерото „смрди на расипани јајца“.

Розовата нијанса на водата трае до крајот на австралиската есен, а кога ќе паднат температурите, се враќа на вообичаената сино-проѕирна боја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде