На Аеродромот Скопје во Скопје Царинската управа, во соработка со Министерството за внатрешни работи, открија и запленија околу 2 килограми кокаин. Со летот од Цирих, на влез во Република Македонија селектиран е и детално прегледан патник, државјанин на Република Венецуела. При прегледот, во неговиот багаж пронајдено се околу 2 килограми бела прашкаста материја, која при проверка со тестер за дрога дала позитивен резултат за присуство на cocaine hydrochloride, што индицира дека непознатата растителна материја е наркотична дрога кокаин. По наредба на јавен обвинител, непознатата прашкаста материја е доставена на вештачење со кое е утврдено дека станува збор за кокаин.

Вредноста на запленетата дрогата, на црниот пазар во Република Македонија, изнесува околу 140 илјади евра, додека истата при продажбата на мало би била повеќекратно зголемена и би достигнала вредност околу 570 илјади евра.

Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде