Без казна е  „Македонијалек“, фирмата увозник на погрешните вакцини, иако пред 30 дена е решено оваа трговија да бида санкционирана. Министерството за здравство и Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) експресно открија дека се работи за исправни МРП (морбили, рубеола, паротит) вакцинисо важечки рок кој бил прелепен со погрешни декларации, но за казната за „Македонијалек“  се уште се размислува.

Откако МАЛМЕД утврди дека грешката е кај увозникот на почетокот на јануари, министерот за здравство, Венко Филипче, најавинајстрога казна за „Македонијалек“, но за да биде пропишана, сега вели дека ќе чекаат да заврши истрагата на Јавното обвинителство.

„’Македонијалек’ се уште не е казнета поради истрагата што ја отвори Обвинителството. Истрагата е во тек. Ние ќе ги чекаме резултатите оти истрагата може да отвори нови сегменти“, рече министерот Филипче.

Отворањето на истрагата од Министерството го искористија и како последно оправдување за тоа што не дозволуваат да се снимаат вакцините. Од Министерството за здравство, пред да биде отворена истрагата најавија дека ќе овозможат снимање во соработка со МАЛМЕД и „Македонијалек“, но снимањето се одолговлекуваше и се презакажуваше се до отворањето на истрагата кога надлежноста за вакцините ја презема Обвинителството. Од таму за „Макфакс“ изјавија дека не можат да излезат во пресрет на барањето за снимање бидејќи предистражната постапка е тајна. Од Обвинителството известија дека извршиле попис и обезбедување на вакцините кои се сместени во депо на „Македонијалек“.

МАЛМЕД извести дека по контролите во здравственните домови пронашле 624 кутии од вакцините „Приорикс“ на производителот „Глаксосмитклјан“ од Белгија со погрешни декларации. Сите се повлечени од здравствените домови поради погрешните декларации со одлука да се уништат.

Уништувањето на вакцините го спречи Обвинителството коеотвори истрага целиот случај по допрен глас.

„Македонијалек“ за целиот скандал испрати само едно соопштение во кое објасни дека се работи за техничка грешка. Надлежните од компанијата не одговорија на ниту едно прашање поврзано со погрешните вакцини.

 

 

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде