Златан Ибрахимовиќ, по неуспешната авантура во редовите на Манчестер Јунајтед, пред една и пол сезона се реши да се пресели во МЛС лигата, каде веднаш ги освои срцата на фудбалските фанови во САД.

Попuларниот Ибра брзо се аклиматизира на американскиот стил на игра и блесна во дресот на Лос Анџелес Галакси, а вчера го доби признанието за најдобар фудбалер во МЛС-лигата на наградите „ЕСПИС“, што ги организира телевизиската спортска мрежа „ЕСПН“. 37-годишниот шведски голгетер оваа сезона запиша 13 гола на 15 натпревари, додека во минатата стрелаше 22 пати од 27 натпревари во американското прволигашко друштво.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде