Висок претставник на Руската православна црква ги критикува операциите за промена на полот и повика на кривично гонење на родителите што ги учат своите деца дека може да го изберат својот пол, пренесува РТ.

„Ваквите операции се, според мое мислење и според мислењето на црквата, злосторство против Бога“, рече во интервјуто митрополитот Иларион Алфеев, раководител на одделот за надворешни односи на Руската православна црква.

Тој објасни дека црквата не го признава новиот пол на лицето по операцијата за промена на полот.

Иларион потврди дека Руската православна црква никогаш нема да го признае како нормален таквиот животен стил во кој децата од колепка се учат дека постои биолошки пол и род што тие може да го изберат“.

Тој нагласи дека родителите што им ги всадуваат овие идеи во главата на своите деца треба да бидат кривично гонети. Според Иларион, детето треба да почека до полнолетство за да одлучи дали сака да остане како што го создал Бог или да го промени својот пол.

Во 2017 година Руската православна црква го критикува законот воведен во Грција, со кој им се дозволуваат операции за промена на полот на тинејџери на возраст од 15 години.

Во Русија операциите за промена на полот се дозволени за граѓаните постари од 18 ако бидат дијагностицирани како транссексуалци.

Според експертите, транссексуализмот е ретка состојба, која може да влијае на 1 од 30.000 до 1 во 100.000 случаи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде