Илија Димовски во интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека ќе го поддржи законот за продолжување на СЈО

„Тоа значи дека кога сето тоа би било спакувано во еден систем којшто ќе значи гаранција на човековите права, којшто ќе значи гаранција на владеење на правото, јас би размислил да дадам поддршка на понатамошно постоење на СЈО, посебно поради тоа што сум дел од тие постапки. Од аспект, јас не се чувствувам виновен. Јас впрочем и не сум бил одговорно лице за материјално-финансиско работење, за тоа што на некој начин СЈО ме тангира. Формално-правно јас не треба да бидам дел од тие предмети, но сакам да го покажам тоа, сакам да го пратам тој сигнал дека да, ако јас сум спремен да се носам и да присуствувам на тие судски процеси и да спорам со законите и со постапките и со доказите, добро, секој политичар треба да го помине тој процес ако има каков било сомнеж“. Изјави Димовски за „Радио Слободна Европа“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде