Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев заедно со претседателот на Владата на Грција, Алексис Ципрас со свои воведни обраќања го отворија Бизнис форумот на кој присуствуваат над 400 стопанственици и компании од двете земји, во чии рамки беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу двете земји и се одржаа “B2B “средби помеѓу присутните компании на Бизнис форумот.

„За прв пат имаме официјална посета на грчки Премиер од осамостојувањето на Република Северна Македонија.  Денес за прв пат се одржа меѓувладината седница помеѓу двете држави каде меѓу другото:

  • Воспоставивме совет за соработка на високо ниво – што ќе значи одржување на меѓувладини седници еднаш годишно
  • Развивме акциски план за интензивирање и збогатување на соработката во дипломатијата, одбраната, ЕУ, политиката, меѓународните односи, економија, енергетика, образованието, науката, културата, здравството и земјоделието
  • Потпишавме договор за соработка во одбраната
  • Потпишавме договор за отворање на нови гранични премини: Промахои – Мајден и Maркова Нога – Агиос Германос
  • Потпишавме меморандум за соработка за ЕУ прашања и транспорт

Се надевам дека сите овие иницијативи ви даваат малку појасна слика што се сме испуштиле во претходните неколку години како две соседни земји кои не можеле да соработуваат за основни меѓудржавни прашања заради спорот кој постоеше. Сето ова произлегува од имплементацијата на Преспанскиот договор со што покажуваме посветеност да градиме добрососедски односи, инклузивна соработка и конструктивни односи. По потпишувањето на Преспанскиот договор речиси секојдневно имаме размена на високи владини делегации кои го подготвуваат теренот за нашата интензивна билатерална соработка.

Но денес токму овде сме собрани и одбележуваме историски момент кога политичарите, бизнисмените, медиумите и граѓаните седиме заедно и разговараме како да ја унапредиме нашата економска соработка“ рече премиерот Заев.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде