Мелиса (30) од Калифорнија имала само 15 години кога станала зависна од алкохол. Таа вели дека имала недостиг од самодоверба и чувствувала дека на светот ќе му биде подобро без неа и затоа се фрлила на овој порок.

Со години консумирала алкохол и се однесувала самодеструктивно. Поради зависноста ги уништила односите со семејството и се отселила. Ѝ рекле дека може да се врати ако прифати да оди на рехабилитација.

Кога отишла на доктор тој бил вчудовиден затоа што никогаш не видел некој толку млад да пие толку многу.

Коди (38) развил зависност од опојни супстанции и како резултат на тоа почнал да лаже, краде и да се мрази себеси. Се обидел да се убие 2 пати во рок од 24 часа и тогаш сфатил дека му е потребна помош.

Мелиса и Коди се пријавиле на рехабилитација во 2013 година, а по неколку месеци се запознале. Коди штом ја видел Мелиса инстантно се вљубил и иако рехабилитацијата му завршила не можел да престане да мисли на неа.

Тие почнале да се состануваат во јануари 2014 година, откако и Мелиса ја завршила рехабилитацијата.

Имале луда романса и сега се 5 години чисти од своите зависности, во брак се и се горди родители на 2 сина. Велат дека сега се среќни од местото на кое се и заедно се поддржуваат и напредуваат во животот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде