Синоќа на Олд Трафорд и Олимпико се одиграа два натпревари од осмина финалето во ЛШ, кои се пренесуваа во многу земји ширум светот.

Секоја земја и телевизија на свој начин ги прави воведните емисии пред натпреварите, а емисија посветена на натпреварот Јунајтед – ПСЖ имаше и една иранска телевизија.

Телевизијата во таа прилика го користеше стариот грб на Манчестер Јунајтед кој последен пат беше користен во далечната 1972. година.

Фотографијата од студиото осамна на социјалните мрежи, а многу навивачи се запрашаа зошто е користен стариот грб. Сепак, објаснувањето е сосема едноставно. Имено, иранските Телевизии не смеат да користат сотонски симболи, а со оглед дека Јунајтед на средината на својот грб веќе неколку децении има ѓавол, грбот не смееше да биде употребен.Инаку, ова не е прв случај на цензурирање на грб на иранска телевизија бидејќи и претходно бевме сведоци дека беше цензуриран и грбот на Рома.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде