Руските новинари масовно пишуваат за разводот на еден од најубавите парови во Холивуд, сепак наведуваат дека таа информација прв ја пласирал таблоидот “MTO”, кој се повикал на сосема доверлив извор.

Руските медиуми во последните неколку часа масовно почнале да известуваат за тоа дека Ирина Шајк и Бредли Купер наводно се разведуваат.

Како што пишува “Gazeta.ru”, Ирина и Бредли наводно не се заедно од крајот на февруари 2019-та година, по флертот на Купер со Лејди Гага на доделувањата на Оскарите.

Сепак, Ирина и Бредли биле фотографирани по доделувањата на Оскарите во Лос Анџелес, но изразите на лицата не укажувале дека меѓу нив е се во ред.

Иако Русите на големо пишуваат за разводот на еден од најубавите парови во Холивуд, сепак наведуваат дека таа информација прв ја пласирал таблоидот “MTO”, кој се повикал на сосема доверлив извор.

Меѓутоа, прес службата на Ирина и Бредли не дала никакви соопштенија – ниту потврдиле, ниту демантирале.

Бредли секогаш сака неговиот приватен живот да остане тајна, додека Ирина верува дека треба да пратат соопштение за медиумите”, наведува споменатиот таблоид.

Потсетуваме, Ирина на Мет Галата одржана на 6-ти мај се појавила без сопругот, иако тој, како што се зборува, требало да биде присутен.

Сепак, и покрај пишувањата за наводните емоции кои постојат меѓу Лејди Гага и Бредли Купер од снимањето на филмот “A Star is Born”, изворот наведува дека поп-ѕвездата нема никаква врска со нивниот однос.

Ирина и Бредли се заедно четири години. Почнале да се забавуваат во 2015-та година, а на 21-ви март 2017-та се родила нивната ќерка Леа де Сена Шајк Купер.

Бредли во интервјуто кое го дал за Опра Винфри рекол дека семејството за него е чудо кое променило се, и рекол дека ја обожува својата ќерка.

Меѓутоа, сите наводи ги демантираат нивните заеднички фотографии. Имено, Ирина и Бредли се фотографирале на почетокот на март, кога биле на вечера кај Џенифер Гарнер.

После тоа, папараците ги “фатиле” кон средината на април, при романтична вечера во Санта Моника.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде