Со големо мнозинство Ирците одлучија да се поедностави разводот. Резултатите сње објавени денеска , а со тоа ќе им се олесни разводот на жителите на земја со силни католички традиции.

Дури 82% од гласачите се решиле за укинување на уставната одредба со која пред да поднесат барање за развод , мажот и жената треба да живеат заедно 4-5 години.

Референдумот се одржа во петокот , заедно со евроизборите , за што излезноста беше 51%. Ирската влада најави дека ќе поднесе нацрт-закон со кој годините пред поднесување на барањето за развод да се намалат на две или три.

Исто така Ирска ќе ги признава и разводите што биле решени во судовите во странство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде