Дваесет и едногодишната студентка по политички науки од Јужна Каролина, Саманта Џосепсон, која исчезна во петокот, е пронајдена мртва, јави „Дејли мејл“.

По еднодневната потрага девојката која ноќта во петокот влегла во автомобил за кој мислела дека е „Убер“ е пронајдена мртва, потврдија од Универзитетот.

Саманта последен пат била видена околу два часот наутро како заминува дома по посетата на локален бар со нејзините пријатели. Таа влегла во црн автомобил за кој таа и нејзините пријатели мислеле дека е „Убер“ што го повикала. Сепак автомобилот што го нарачала за да ја однесе дома, стигнал неколку минути откако девојката влегла во погрешното возило. Во текот на вечерта пријателите и семејството не успеале да стапат во контакт со неа, по што била покрената истрага.

Полицијата не соопшти детали за тоа каде било пронајдено телото и како починала девојката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде