ИСИС ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад на свадба во Кабул каде загинале 63 лица, а повредени се 182.

Одговорноста ја презел огранок на ИД во Авганистан.

Иако талибанците на почеток негираа вмешаност во овој напд, авганистанскиот претседател Ашраф Гани порачал претходни дека тие „не може да се спасат од вина затоа што пружиле платформа за терористите“.

Нападот се случил во момент додека талибанците и САД преговараат за договор кој би предвидувал повлекување на американските сили од Авганистан во замена талибанците да се обврзат на мировни преговори со владата во Кабил, пренесе Ројтерс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде