Рафаел Надал одигра фантастичен меч против младиот Стефанос Циципас во првото полуфинале од Австралија Опен.

Шпанскиот тенисер со „чисти“ 3:0 по сетови (6:2, 6:4, 6:0) без проблем го реши натпреварот и сосема заслужено стана првиот финалист на Грен Слемот игран во Мелбурн.

Циципас не успеа да ги повтори феноменалните партии кои ги прикажа против Роџер Федерер и Роберто Баутиста- Агут, па за еден час и 48 минути буквално беше „збришан“ од Надал.

Во битката по 18 Грен Слем трофеј Надал ќе се соочи со подобриот од вториот полуфинален натпревар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Лукас Пули.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде