Редакцијата на “Presscentar“ , јавно му се извинува на господин Фејсал Меџити од  село Здуње.Неговата ќерка Џејхан Меџити трагично го загуби својот младешки живот во водите на реката Вардар, претходно нападната од глутница кучиња.Веднаш по тој настан, на социјалната мрежа “Фејсбук“ свој статус испиша Ирена Ристиќ, која искажа сомнежи во првичните наоди за овој трагичен настан.

Presscentar го презеде нејзиното пишување ( ФБ статус) и го стави на своите страници.Помина подолг период, во кој не беше барано исправка на текст, туку господинот Меџити побара со тужба да му се извиниме, бидејќи со пренесената содржина чиј автор е Ирена Ристиќ, сме му нанеле душевна болка, и навреда на неговата личност.И доколку не му се извиниме тој односно неговиот правен застапник од судот ќе бара донесување на пресуда со која сака да му исплатиме 850.000 денари  надомест од штетата од навредата и клеветата.

Господине Меџити “Presscentar“, ВИ СЕ ИЗВИНУВА , за непријатностите предизвикани од постот на Ирена Ристиќ, кој ние го пренесовме на нашите страници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде