Покрај европскиот шампион Емил Павлов и Пулексенија Јованоска ќе се бори за бронзен медал на 54. Европско првенство во карате, на кое учествуваат 508 каратисти од рекордни 51 земја.

Во натпреварите во кати според новиот систем на бодување Пулексенија Јованоска мина 3 кола и обезбеди меч за бронзен медал.Нашата најдобра натпреварувачка во кати пред три години во Монпелје оствари пласман на 5 место, што е досега најдобар резултат во оваа дисциплина во поединечна конкуренција.

Од другите натпреварувачи, Наташа Стефановска стигна најдалеку од каратистките во борби, со 2 победи во категорија – 61 килограм.

Денеска на програмата на европскиот шампионат се борбите во екипна конкуренција, на кои ќе настапат нашите каратистки и каратисти во борби. Борбите за бронзени медали се во сабота од 9.30 до 11.30 часот, кои ќе се пренесуваат во живо на karateworld.tv каде што ќе настапат Павлов и Јованоска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде