Медиумите го уловија како непрописно паркириа, и пазарува, а од денеска за потеклото на „мерцедесот Е класа – хибрид“, возило во кое често може да се забележи претседателот на врховниот суд Јово Вангеловски одлучи да се занимава и Dржавната комисија за спречување корупција. Во анкетниот лист навел дека вреди околу 60 илјади евра, но списокот на имотот на Вангеловски е долг, а вкупната вредност е над 700 илјади евра. Овие информации од денеска ќе бидат во фокусот и на државната комисија за спречување корупција која што едногласно одлучи да го проверува имотот на Вангеловски, но и на уште четворица судии и поранешни судски функционери.

Овие судии дозволиле политиката директно да се вмеша во судството, и со таа причина се наведни во извештајот на Стејт департментот за човекови права во кој се посочува специјалниот извештај на СЈО , стои во образложувањето на комисијата.

Антикорупциска не застанува кај имотот на судиите. Некои од нив вработувале, но дали постои непотизам тоа ќе се испитува во посебен предмет ,како и имотот на еден од челните функционери на ВМРО-ДПМНЕ во претходната власт, Миле Јанакиевски.

Сомнително за ДКСК  е и јавниот оглас за архитектонски бироа кои во општина центар цртале планови за 1 денар за 10, 000 метри квадратни.

Кај новиот состав на антикорупционерите кои само денеска обзнанија дека ќе проверуваат 30 тина имиња допрел глас кој треба да се провери дали е законски в.д. директорката на детска градинка во Пробиштип Љупка Јаневска и уште 17 други носители на функции да членуваат и во управни одбори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде