Јувентус загуби на гостувањето кај Аталанта и остана без пласман во полуфиналето на италијанскиот Куп, а тренерот Макс Алегри по средбата немаше забелешки за своите играчи, објаснувајќи дека тој и фудбалерите потфрлиле, но такви работи се очекувани.

– Поразот висеше во воздух подолго време. Имаме повредени играчи, други кои се враќаат во тимот, можеш да се извлечеш еден или два натпревара по лош резултат, но можеш и да загубиш.

– Разочарувачки е што сме елиминирани, но не можеме да очекуваме дека ќе победиме на сите натпревари. Аталанта беше физички поподготвена и агресивна на теренот и заслужено оди во следната фаза, треба да ја искористиме оваа лекција за продолжението од сезоната, – смета Алегри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде