Италијанскиот калчолигаш Јувентус се подготвува за нов мегатрансфер следното лето. По ангажманот на Кристијано Роналдо, сега првакот од Апенините го посакува Мохамед Салах во Торино и подготвен е да плати фантастични 200 милиони евра. Ова го тврди шпанскиот медиум „Дон Балон“.

Јувентус по завршувањето на сезоната планира да го продаде Пауло Дибала, за него има интерес од Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Сити, а потоа ќе се фокусира на ангажман на Салах. Тој исто така е цел на „кралскиот клуб“, но Јувентус е подготвен да влезе во сериозна трка.

Покрај Салах, италијанските медиуми најавуваат дека и Марко Асенсио, шпанскиот репрезентативец од Реал Мадрид, е на листата на желби на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде