Амбасадорот на Сирија во ОН, Башар Џафари и предложил на Америка на Израел да му подари дел од својата територија – Јужна и Северна Каролина.

Како што изјавил Џафати, наместо САД да го кршат меѓународното право и да продаваат туѓи територии поради израелското лоби, како што е случајот со Голанската висорамнина, може да дадат своја територија на таа земја.

„Можете да им ги дадете Северна и Јужна Каролина, на пример. Зошто да не? Јужна Каролина е одлично парче земја….Дајте му на Израел неколку држави доколку оваа администрација навистина ја сака поддршката на таа земја“ – изјавил тој.

Инаку, одлуката на Трамп да го признае суверенитетот на Израел врз Голанската висорамнина дојде во време пред изборите во Израел, кои ќе се одржат на 6 април. Многумина таквата одлука ја толкуваат како голема предизборна поддршка за Бенџамин Нетанјаху, кој се соочува со неколку обвиненија.

„Немојте да биде во заблуда мислејќи дека еден ден оваа земја ќе биде ваша поради лицемерие  или затоа што пиони во изборниот натпревар каде едни на други си давате поддршка“ – додал Џафари.

Израел ја презема Голанската висорамнина во шестдневната војна во 1967 година, а формално ја анектираше во 1981 година.

Џафари нагласува дека територијата со време ќе се “врати“ на Сирија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде