Пауло Дибала требаше да биде стартер на натпреварот против Емполи, но воопшто не се најде во составот на Јувентус.

На десетина дена пред мечот против Ајакс во Лигата на шампионите, тоа ги загрижи навивачите кои се прашуваа што се случува со Аргентинецот. Одговорот го даде Алегри.

„Дибала добил удар за време на репрезентаѕивнтие настапи и почувствувал болка во мускулот. Одлучивме да не ризикуваме“, изјави тој.

Неизвесно е дали Дибала ќе биде подготвен за мечот со Ајакс на кој најверојатно ќе го нема Кристијано Роналдо.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде