Главните западни медиуми пренесуваат тажни приказни за празни полиција и гладни во Венецуела, но дали наводите за недостиг на храна се вистинити? Американскиот новинар Макс Блументал, кој веќе подолго време ја следи ситуацијата во Венецуела, го посетил Каракас и открил дека таму ситуацијата не баш толку депресивна како што веќе некое време ја прикажуваат западните медиуми.

Тој на своја рака посетил неколку супермаркети во главниот град на Венецуела и не забележал недостиг за кој често се зборува.

По обиколката на маркетите во Каракас, Блументал пронашол многу работи што може да се купат – дури и пиво.

Продавниците кои ги посетил нудат широк спектар на месо, месни и млечни производи. На полиците можело да се најде и “craft” пиво – обележје на конзумеризмот.

Блументал исто така се восхитувал на разновидноста на тоалетната хартија, шампоните и хигенските производи – основна роба, за која западните медиуми велат дека не може да се најде во Венецуела.

“Тука нема проблеми со дистрибуција на храна и недостиг на храна”, заклучува Блументал.

“Прашање е дали куповната моќ на локалното население е целосно уништена, бидејќи нивната валута е толку ослабена од хиперинфлацијата, шпекулациите и поплавата на доларот која владата не може да ја контролира тука, како и натрупувањето на приватните капиталистички елементи”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде