Три бугарски телевизии со различна програмска содржина од денеска се присутни во македонскиот медиумски простор. Дозволата за емитување во земјава ја добиле пред две недели, а во моментов може да се гледаат на територијата на oпштина Струмица преку кабелскиот оператор Нет кабел. Во преговори се и со останатите локални кабелски оператори за емитување преку нивната мрежа на територијата на целата држава.

Станува збор за ТВ Европа, првата бугарска телевизија за вести, Велнес ТВ, првата бугарска и европска велнес телевизија посветена на спорт, здрава исхрана и развојот на децата и ТВ туризам, телевизија која нуди информации за туристичките понуди и дестинации.

Не е за изненадување.Како понуда имаме, едно чудо ТВ канали од Србија, Босна, па дури и од Хрватска.Имаме навистина богата понуда и од Албански телевизии.На југот од Северна Македонија се гледаат грчки канали.Со стартот на трите бугарски телевизии се комплетира мозаикот.

Недостасува само понуда од македонски телевизии.Форматите што сега се емитуваат се класични радиски програми, и турски серии во неограничени количини.Македонските телевизии треба да бидат на браникот на македонскиот јазик.Но кому му е гајле.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде