Јирген Клоп од 2015 е на клупата на англискиот премиерлигаш Ливерпул, тим кој сосема се трансформираше под негово водство иако се уште се чека на титула.

Оваа сезона може да падне „пехар“ затоа што црвените се одлични во Премиер лигата каде водат мртва трка со Манчестер Сити, додека пак се во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Дали тоа ќе се случи останува да видиме, но во меѓувреме легендарниот германски ас, Франц Бекенбауер даде еден свој предлог, сугестија за тоа Клоп кој тим треба да го преземе во иднина.

Според Франц, сегашниот предводник на Ливерпул е едноставно „печен“ за Баерн Минхен без разлика на тоа што во минатото ја водеше со успех Борусија Дортмунд.

-Клоп во Баерн. Тоа би било врв. Јирген беше оној што ги научи Германеците да играат брз фудбал, -истакна славниот Германец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде