Метални делови од авион Boeing 737 на норвешката авиокомпанија Norwegian Air што набрзо по полетувањето се откинале од авионот, паѓале „како дожд од куршуми“ врз населено место во непосредна близина на римскиот аеродром.

Врз граѓаните кои живеат во населбата во непосредна близина на аеродромот Леонардо да Винчи во Фјумичино, паѓале помали метални делови од авионот со големина од околу 20 сантиметри, пренесува британски Independent.

Еден од жителите изјавил дека сето тоа наликувало на дожд од челик и метал и дека заради тоа побегнал во својот дом.

На подрачјето Исола Сакра, што се наоѓа јужно од градот и аеродромот, оштетени се десетина автомопбили и куќи, а едно лице пријавило полесни изгореници.

Отворена е официјална истрага за инцидентот, а засега е познато дека пилотот се откажал од планираниот лет за Лос Анџелес и дека авионот го вратил на римскиот аеродром.

Се претпоставува дека деловите се од левиот мотор на авионот, но сѐ уште не е познато за каков дефект станува збор и дали 298-те патници во авионот било изложени на опасност.

Портпаролката на авиокомпанијата Norwegian Air изјави дека има индиции за „технички дефект“ и додадe дека авионот слетал безбедно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде