Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ пишува дека екипата на Јувентус за малку ќе останела без тренер во очи на дербито со Наполи, затоа што Масимилијано Алегри нервозен и лутна сите пишувања и гласини дека во Јуве му бараат замена, сакал да си замине од клубот. Драмата се обидел и успеал да ја згаси претседателот на „Старата Дама“, Андреа Ањели, кој го уберил Алегри дека не е „бивши“ и дека треба да остане да ја доработи добрата сезона за клубот и да се обиде да го однесе Јувентус во четврфиналето на Лигата на шампиопните и покрај поразот од 2:0 на мечот со Атлетико во Мадрид.

Ако Јувентус, сепак, не успее да направи подвиг на 21 март, многу веројатно е Алегри уште веднаш да си замине од Торино. Во Јувентус очајно сакаат трофеј од ЛИгата на шампионите, затоа што последен пат кога беа на „кровот на Европа“ тоа беше во 1996 година. Оваа сезона годонесоа Роналдо и имаа големи амбиции, но поразот од Атлетико на првиот осминафинален меч со 2:0 беше протолкуван како нов неуспех.

Во италијанските медиуми веќе на големо се зборува за  наследниците на Алегри, што очигледно го вади од такт актуелниот предводник на италијанскиот првак.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде