Снимка од надзорни камери на еден аеродром во Русија стана вистински хит на интернет.

Видеото прикажува маж, наводно на аеродром во Дагестан, како носи торба, а кога сфатил дека торбата мора да ја стави на лентата за скенирање, тој одлучил да влезе заедно со својот багаж.

Видео снимката е објавена од страна на порталот “Russia Today”, а ја споделиле многу корисници на социјалните мрежи.

Објаснувањето е дека мажот “никогаш претходно не патувал”, но никој не е 100% сигурен за што станува збор. Можеби содржината на торбата била премногу вредна за тој да ја напушти?

Погледнете како изгледала урнебесната сцена:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде