Заврши увидот во Избирачкиот список за претстоијните претседателски избори.

Колку вкупно граѓани ќе можат да гласаат за иден шеф на државата ќе се знае за десетина дена, кога се очекува да биде закчучен Избирачкиот список. Увидот заврши пред три дена, а според првиот човек на ДИК, Деркоски рекорден број граѓани 53.972 провериле дали ги има во избирачкиот список. Но на претстојните избори ќе изостанат гласовите од дијаспрата, од каде се пријавиле само 1970 иселеници, што спред Деркоски е значително мал број. За претседателските избори да бидат успешни во вториот изборен круг, мора на гласање да излезат над 40 проценти од запишаните гласачи, или некаде околу 720 000 гласачи.

За четири дена истекува и рокот до кога кандидатите за претседател на државата ќе треба да се пријават во ДИК за ниванта кндидатура да биде и официјално потврдена два дена подоцна. Но и без потврдена кандидаурата, нути објавена изборна програма двајца од тројцата претседателски кандидати, Гордана Силјановска и Стево Пендаровски, на две недели пред стартот на кампањата, секојднево се на средби до граѓаните, барајќи ја нивната поддршка. Меѓу бројните втувања, последните упатени пораки се однесуваат на пресудата за настаните од 27 април. Силјановска преку социјалните мрежи побара и ТВ дуел со својот противкандидат Пендаровски. Освен Силјаносвка и Шендаровски, за иден шеф на државата ќе се трка и Блерим Река. Според Деркоски, иако активностите на дел од кандидатите на терен почнале порано, досега не се констатирани законски прекршувања.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде