Легендарниот светски првак во шах, Гари Каспаров, на меѓународниот форум на Microsoft „Светла иднина на луѓето + машините“ во Атина, изјави дека машините нема да ја заменат човековата креативност.

Каспаров наведе дека изгубил партија од компјутерот „Дип Блу“ во 1997 година откако „направил повеќе грешки“.

– „Дип Блу“ не беше некоја извонредна машина; напротив, едноставно не ја повторуваше истата тактика кога играше шах, истакна Каспаров, додавајќи дека не би требало да постои дилемата „човекот или машината“.

Тој потенцира дека кога интуицијата и искуството на човекот соработуваат со аналитичките моќи и брзината на компјутерите, тогаш може да се постигнат многу работи.

– Машините нема да ја заменат човековата креативност ниту емоционалната чувствителност, но можат да ни помогнат да истражиме нови хоризонти кои не можеме ниту да ги замислиме, посочи Каспаров.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде