Планот за прераснување на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во министерство за политички систем и односи меѓу заедниците ги скара ДУИ и вицепремиерот за Охридскиот договор, Хазби Лика. Лика вели дека не е консултиран за тоа, ниту известен.

-Јас како претставник на ДУИ, во Владата на Република Северна Македонија, на задача Вицепремиер за спроведување на Рамковниот Договор и политички систем, не сум информиран, ниту консултиран за иницијативата, ниту за составувањето на овој закон, алудирајќи на надлежностите кои ги носи новата институција која ќе се основа, и поврзаноста која ќе ја има со Рамковниот Договор, вели Лика.

За овие ставови на Лика реагираа од ДУИ. Меѓу другото оттаму наведуваат и дека самиот Лика на таа функција бил избран за да ја спроведе изборната програма, а не за да отсуствува од работа.

-ДУИ ја потсетува пошироката јавност во земјава дека иницијативата за унапредување и трансформирање на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците потекнува од квалитетната Анализа за Охридскиот договор од 2015 година, од изборната платформа на ДУИ ‘2020’, од Заедничката изјава на албанските политички партии. Пратениците, исто како и министрите кои се избрани во овој парламентарен и владин состав се избрани врз основа на ветената програма на изборите во 2016 година, велат од ДУИ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде