Италијанскиот судија Росарио Абисо заработи суспензија од три натпревари поради контроверзната одлука да досуди пенал за Фиорентина во судиското продолжение од дербито со Интер. Абисо дури имаше и помош од ВАР, но сепак остана доследен на својата прва одлука, дека Д’Амбросио играл со рака, иако на видео снимките јасно се гледаше дека топката заврши во неговите гради.

Директорот на Интер, Џузепе Марота, реагираше дека судијата на овој начин направил огромна штета на гигантот од Милано, тренерот Спалети изрази незадоволство што може да биде сменет поради катастрофални судиски грешки, а денеска се изјаснија и челниците на Судиската Организација, кои донесоа одлука Абисо да не ја дели правдата во следните три кола од Серија А.

Покрај тоа, Абисо нема да води ниту еден натпревар на Интер до крајот на сезонава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде